Надзорниот одбор е задолжен за контрола на материјално-финансиското работење на Претпријатието. Членовите на Надзорниот одбор ги именува односно разрешува Советот на општина Гевгелија со Решение за именување. За член на Надзорниот одбор се именува лице со високо образование кое поседува знаење и искуство особено од дејноста на финансиското и сметководственото работење. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години и истите може да присуствуваат на седница на Управниот одбор. Надзорниот одбор има претседател кој се избира од редот на членовите, а исто така и заменик претседател кој се избира исто од редот на членовите. Надзорниот одбор задолжително се состанува најмалку 4 пати годишно. За резултатите од извршената контрола Надзорниот одбор писмено го известува Управниот одбор и Советот на општина Гевгелија.