ЈПКД "Комуналец" Гевгелија е формирано од Народниот одбор на општина Гевгелија на посебна седница одржана на 17.02.1955 година, а со работа започна на 01.09.1956 година како установа за комунални услуги со единствена задача за одржување на чистотата во општина Гевгелија , одржување на тогашната канализација, подигање и одржување на паркови и грижа за сите останати комунални објекти во општината со тринаесет вработени.
Во 1960 година се наметнала потребата од донесување водоводна мрежа и покрената иницијатива со местен самопридонес за изградба на градски водовод. Паралелно се отпочнало и со изградбата и на канализационата мрежа во градот.
Во 1964 година во работната едниница Градско зеленило се создадени зачетоците на производството на каранфил на оранжериите Негорски бањи, а во 1971 година за прв пат производството на цвеќе е остварено во автоматизирани оранжерии на сопствено земјиште во Гевгелија. Истата година формирана е работна единица за изведување ниски градежни работи со асфалтна база, по што кон средината на 70-тите години "Комуналец" преминува во комунално производно претпријатие.
Во 1977 година се одделува производството во посебно претријатие и Комуналец прераснува во работна организација со извршување на речиси сите дејности кои ги извршува и денес, а во 1990 година станува претријатие за комуналии "Комуналец".
По укинувањето на подружниците во ноември 2007 година ЈПКД "Комуналец" продолжува да функционира со своите дејности во градот и за населените места Негорци, Прдејци, Мрзенци, Моин, Богородица, Стојаково и Селемија. Со Одлука за превземање на основачки права бр. 07-210/1 од 26.07.2005 година донесена од Совет на општина Гевгелија се пренесуваат основните средства и надлежностите за опслужување на населените места Миравци, Давидово и Милетково.
Фактичкото превземање на вршење на дејноста се случи од 01.04.2012 година со што се заокружи во целина давањето на комунални услуги на цела општина Гевгелија.
Во текот на 2013 година во соработка и со средства од општина Гевгелија изградена е нова Автобуска станица која со работа отпочна на 01.08.2013 година.
Во текот на 2016 година од страна на совет на општина Гевгелија е додадена нова дејност на ЈПКД “Комуналец“ Гевгелија реконструкција, асфалтирање и бетонирање на улици во општина Гевгелија.
ЈПКД "Комуналец" Гевгелија е формирано од Народниот одбор на општина Гевгелија на посебна седница одржана на 17.02.1955 година, а со работа започна на 01.09.1956 година како установа за комунални услуги со единствена задача за одржување на чистотата во општина Гевгелија , одржување на тогашната канализација, подигање и одржување на паркови и грижа за сите останати комунални објекти во општината со тринаесет вработени.
ЈПКД "Комуналец" Гевгелија е формирано од Народниот одбор на општина Гевгелија на посебна седница одржана на 17.02.1955 година, а со работа започна на 01.09.1956 година како установа за комунални услуги со единствена задача за одржување на чистотата во општина Гевгелија , одржување на тогашната канализација, подигање и одржување на паркови и грижа за сите останати комунални објекти во општината со тринаесет вработени.
Производство и снабдување со вода за пиење
Одведување и пречистување урбани отпадни води
Изнесување, транспортирање, депонирање на безопасен отпад
Изградба на хидроградежни објекти
Услужни дејности поврзани со копнениот превоз
Други услужни активности за уредување и одржување на животната средина: