Пречистителна станица за отпадни води
Пречистителна станица за отпадни води
Пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) во Гевгелија е со капацитет на третман на отпадните води од 30,000 ЕЖ. Овој капацитет овозможува обработка на отпадните води од колекторскиот систем на кој се приклучени граѓаните и дел од индустриските капацитети. Проектот содржи и развојна компонента, со тоа што е предвиден да ги задоволи потребите до 2036 година. Изградбата на ПСОВ Гевгелија е трилатерален проект финансиски подржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, Владата на Грција и Владата на Република Македонија.
Станицата се одликува со современа робусна технологија, која што веќе ги покажа сите квалитети. Освен тоа, следењето и управувањето е на најсовремено ниво преку соодветен SCADA систем, со можност за презентација на информации во секое време, било каде. Покрај современата технологија, ПСОВ е заштитена од поплави, а изграден е и нов мост преку Коњска река со асфалтен пристап. Со овој проект преработените отпадни води ги задоволуваат потребните параметри за испуштање во Вардар, односно се во склад со дозволените концентрации на загадувачите согласно важечката законска регулатива, кои што впрочем непрекинато се следат од хемискаталабораторија на самата станица.
Во оваа фаза на изградба создадени се и просторни услови за таканаречен терцијален третман, каде што ќе се врши одземање на фосфорот и азотот. Сувиот остаток од пречистената вода, односно згуснатата тиња кратковремено се складира на станицата во станардни контејнери, за потоа трајно да се одложи на депонијата за цврст отпад, или пак да се користи како прекривка на старата депонија. За Општина Гевгелија оваа станица има големо значење заради тоа што покрај подобрувањето на општата состојба внатре, се одобрува меѓуграничната соработка, се отовораат нови можности за унапредување на нвестициската клима во сите области вклучувајќи го и туризмот. Со еден збор, Општината го содржи главниот атрибут кој води кон современ еколошки профил неопходен за презентација на вложените напори и сите натамошни развојни планови.