Вкупен број на вработени 45 лица. Располага со сопствен возен парк кој го сочинуваат две пикап возила Фолксваген Кеди, два Фолксваген транспортери, едно возило Лада, комбиниран ровокопач и цистерна за фекалии. Основна мисија на секторот е непрекинато снабдување на сите наши корисници со вода за пиење, одведување на отпадните води, како и одржување на водоводната и канализациона инфраструктура.Корисниците во општина Гевгелија, населените места Богородица, Стојаково, Селемлија, Моин и Мрзенци, со вода за пиење се снабдуваат од бунарските подрачја Моин и Вардар, а корисниците од населените места Миравци, Милетково, Давидово, Смоквица, Негорци и Прдејци се снабдуваат од засебни водоводни системи.
Останати тековни активности:
Редовна контрола на квалитетот на водата
Редовна поправка на дефекти на водоводната и канализационата мрежа.
Приклучување на корисниците на водоводната и канализационата мрежа по претходно добиена согласност за приклучок
Вршење геодетски снимања (мерења)
Замена на водомери во рамките на проектот за водоснабдување
Поставување протокомери за мерење на количината на произведената вода и редовно читање на истите
Преповрзување на корисниците од старите на новите линии реализирани со рехабилитација на водоводната мрежа
Изработка на рамки за гробни места и бетонска ограда на дел од новите гробишта
Детекција на истекување во водоводна мрежа (намалување на загуба на неприходовена вода.)